Спиеш ли мирно Серхио Рамос?

by
1 минути читање

Малкумина веруваа дека Барселона може да направи камбек по негатива од 4-0. Но тоа се случи, Каталонците во неверојатен меч победија со 6-1 и остануваат во Лигата на шампионите.

По натпреварот во Неапол каде што Реал Мадрид победи со 3-1, а јунак по којзнае кој пат беше Серхио Рамос, дефанзивецот изјави:

„Сакам Барса да биде елиминирана. Не сакам да залажувам никој, ќе бидам посреќен доколку загубат. Помирно ќе спијам“.

Желбата на Рамос не се оствари, Барселона направи сензација и интересно би било да видиме Ел Класико дуел во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани