Интер ја прекина
серијата од седум победи во низа во сите конкуренции откако синоќа, во рамките
на третото коло од Лигата на шампионите загуби со 2-0 на гостувањето кај
Барселона.
Веројатно
Лучијано Спалети очекувал многу повеќе од своите избраници, за кои што тврди
дека имале лош однос на теренот кој на Каталонците им даде блага предност за да
ги остварат своите цели на Камп Ноу.
„Не ми се допаѓа
овој однос на чувство за очајно завршена работа, во првото полувреме бевме
патетични и самите се ставивме под притисок, тоа најмногу ме разочара, тежок ни
беше патот за да стигнеме до тука, јас очекував да имаме однос како на еден
голем меч, но, наместо тоа, Барселона го искористи нашиот разочарувачки однос
на теренот“ подвлече Спалети.
„Кога ја имавме
топката во посед, ние не успевавме да ја сочуваме, тоа е клучниот проблем,
морате да додавате што е можно побрзо за да креирате простор за игра, Барселона
имаше предност во тоа, мислам дека постои голема разлика со шпанските екипи во
однос на ова, тие брзо ја движат топката, брзо размислуваат, брзо реагираат
кога ситуацијата се менува“ заклучи шефот на стручниот штаб на Нероаѕурите.
Лидер во групата
„Б“ со освоени максимални 9 бода е Барселона, по неа следи Интер со 6, а на последните
две места се Тотенхем и ПСВ со по еден освоен бод засега. Во четвртото коло се
среќаваат Тотенхем – ПСВ, односно Интер – Барселона.