Спалети: Ако некој три месеци по ред, секој ден кажува дека ќе врне, веројатно ќе падне дожд!

by
1 минути читање

„Нероаѕурите“ вечерва беа под притисок да победат откако ривалите за топ четири овој викенд славеа и Интер ја заврши работата со погодоците на Политано и Перишиќ.

По крајот на мечот, Лучано Спалети проговори за се почестите шпекулации дека Интер ќе го донесе Антонио Конте за нов тренер.

„Веќе три месеци по ред се пишува едно па исто. „Газета дело спорт“ секој ден ја пишува истата сторија. Ако некој постојано вели дека утре ќе врне, еден ден веројатно ќе падне дожд“ – вели тренерот на Интер.

„Секоја недела ми ги поставувате овие прашања, и не сакам да бидам дрзок па ви одговарам. Чим „Газета дело спорт“ две години пишува исти работи, и изминативе три месеци секој ден го објавува истото, тогаш тие сигурно мора да знаат нешто“.

„Исто така, написите се прилично навредливи, со наслови како твоето време е изминато, ти си нула, ти си промашување. Но сториите се навредливи и за Интер. Против Интер се пишува седум-осум години. Па ајде да се одбраниме, секогаш ова им го велам на „интеристите“.“

„Едно е Марота да се обидува да го најде најдоброто решение за Интер, но јасно е дека овој клуб е третиран на поинаков начин во однос на другите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани