Отказот на Хулен
Лопетеги изгледа не му бега, вечерва Реал Мадрид доживеа дебакл на Камп Ноу,
„Кралевите“ се поразени на „Ел Класико“ со убедливи 5-1.
Резултатот беше
отворен во 11. минута. Алба доби топка во фор и потоа убаво го забележа Кутињо
на 11 метри и му асистираше за 1-0. По половина час игра, Барса ја дуплираше
предноста.
Судијата со помош на ВАР покажа на белата точка а Луис Суерез го реализираше
пеналот за 2-0.
И покрај тоа што
Реал беше надигран во првите 45 минути, гостите се вратија во игра на стартот
од вториот дел, Марсело во 50. минута погоди за 2-1. Потоа Модриќ ја затрес стативата, а и Бензема имаше
огромна шанса за 2-2 но промаши од неколку метри.
Казната за ова
стигна во 75. минута кога Суарез маестрално со глава од 12-13 метри го матираше
Куртоа. Популарниот „Ел Пистолеро“ потоа стигна до хет-трик во 83. минута а
точка на натпреварот стави нововлезениот Артуро Видал кој во 87. минута ги
постави конечните 5-1.