Францускиот првак
ПСЖ во отворено соопштение до јавноста се обрати по повод зачестените
шпекулации за иднината на младата ѕвезда од таа екипа, Килијан Мбапе, во кое
јасно посочи дека клубот нема намера да го продава ова лето.
Мбапе имаше некои
интересни коментари за својата иднина, говорејќи по добивањето на наградата за
фудбалер на годината во Лиг 1, како и најдобар млад фудбалер во најсилниот
фудбалски шампионат на Франција, а за момент донесе неизвесност околу својата
иднина во тој клуб, посочувајќи, дека е време за поголема одговорност, ако не
во Париз, сигурно на друго место, во некој нов проект.
Во соопштението,
тимот од Париз објаснува дека Мбапе нема да си замине, во истото се додава дека
фудбалерот и клубот имаат заедничка историја, а таа ќе продолжи и идната
сезона.
„Силната врска ги
обединија ПСЖ и Килијан Мбапе веќе две години, таа приказна ќе продолжи и
следната сезона. Сега е време за нешто повисоко, да испишеме некој нов момент,
заедно, голема страна во историјата на нашиот клуб, во која, секој фудбалер
поединечно ќе треба да го има својот дел“ се вели во соопштението.
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 20, 2019
Франс Фудбал
пренесе дека шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во Мбапе
гледа големо засиување, а се шпекулира дека на повидок е голем трансфер во
висина од 280 милиони евра, што би претставувало светски рекорд.