Солскјер откри дека Роналдо имал привилегија кај Ферги каква што немале ниту Бекам, Гигс и Кантона

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо вечерва одново се среќава со својот поранешен клуб Манчестер јунајтед,
па „Газате дело Спорт“ направи интервју со неговиот екс-соиграчот Оле Гунар
Солскјер.

„На почетокот тој
беше срамежлив и не го познаваше јазикот но потоа го научи. Секој ден работеше
во теретана 40 минути пред тренингот и 40 минути по тренингот“
– вели Норвежанецот.

Со својата
работна етика но и талент, Кристијано Роналдо си обезбедил една привилегија кај
Сер Алекс Фергусон која ја немали ниту легендарните имиња како Бекам, Гигс и
Кантона.

„Роналдо е
единствениот играч на кого Сер Алекс му има речено: „Во ред, грижи се само за
нападот и не мисли на одбрана“. Ниту Гигс, ниту Бекам, нути Кантона немале ваква привилегија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани