Солари веднаш се дистанцираше од Зидан: Оставете го Зизу на мира, никој не може да се споредува со него!

by
2 минути читање

Аргентинецот на
привремена основа го превзема кормилото на првиот тим на Реал Мадрид откако
Хулен Лопетеги вчера доби отказ по серијата слаби резултати.

Тој доаѓа од
Кастиља тимот, слично како што и Зинедин Зидан ја започна својата авантура и
потоа донесе три трофеи во низа во Лигата на шампионите. Па на денешната средба
со новинарите беше неизбежна оваа споредба, но Сантијаго Солари веднаш се
дистанцираше.

„Оставете го Зизу
на мира, тој е еден од најголемите во историјата на Мадрид. Најдобро е да не
зборуваме за него, да го остави во неговата слава и да не правиме споредби
бидејќи никој не може да се споредува со него“
– порача Солари на денешната
прес конференција.

„Во соблекувалната има голема болка, но сите се желни да се вратиме на прав
пат. Имаме група на шампиони, воини кои имаат освоено многу трофеи за овој
клуб. Ситуацијаа не е лесна, но гледам дека сите сите се желни да ја поправат“.

„Ова е деликатен
момент, но во вакви ситуации се покажува правиот карактер“.

Запрашан дали
очекува да остане до крајот на сезоната (според правилата на федерацијата на
привремена основа може да го предводи Реал само 14 дена), Аргентинецот вели: „Ќе
се обидам да сторам се што можам, ова е голема шанса. Ќе работам ден за ден и
ќе уживам во секој момент“.

Тој веќе утре ќе
го има своето деби, Реал гостува кај третолигашот Мелиља во Копа дел Реј.

„Целта е да победиме. Идеата е да го дадеме максимумот против Мелиља. Да
одиграме со страст, посветеност и желба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани