Иако се работи за
дуел со третолигаш, „Кралевите“ не сакаа никаков кикс по серијата слаби
резултати и отказот на Хулен Лопетеги.
Сантијаго Солари
направи неколку измени во тимот, но и покрај тоа квалитетот беше далеку на
страната на Реал, кој на крајот славеше со убедливи 0-4.
На првиот гол се чекаше
до 28. минута. Одриозола добро продре по десната страна и го проигра Бензема
кој беше осамен во срцето на петерецот и без мака ја затресе мрежата.
Потоа следуваа
неколку големи промашувања на Лукас Вазкез, но пред финишот на првиот дел падна
нов гол. Винисиус одлично му асистираше на Асенсио за 0-2.
Во продолжението
од мечот темпото опадна, но и покрај тоа гостите постигнаа уште два погодока. Винисиус,
кој пристигна за 45 милиони евра изминатово лето и не добиваше шанса кај Лопетеги, ја погоди пречката, а потоа двајца дефанзивци
го спречија на самата гол линија. Но ова остави простор за Одриозола да реагира
и во 79. минута да реализира за 0-3
Во втората минута
од продолжението конечниот резултат го постави Гонзалез.