33
Бодо/Глимт продолжува да ја шокира Европа. Норвешкиот тим не само што стигна до осминафиналето во Лига на шампионите, туку до таму дојде со редок подвиг.
Бодо врза четири победи по ред против клубови од топ 5 лигите, откако ги совлада Манчестер Сити, Атлетико Мадрид и двапати Интер.
Такво нешто не му успеало на ниту еден клуб надвор од најсилните европски шампионати уште од 1972 година, кога Ајакс доминираше во Европа и ја освои титулата.
Во следната фаза, односно во осминафиналето Бодо ќе се судри повторно со Манчестер Сити или со Спортинг. Ждрепката е закажана за в петок.