117
Екипата на Јувентус синоќа на свој терен забележа победа над Бенфика во натпревар од Лигата на шампионите, но покрај резултатот, дуелот ќе се памети и по една необична и контроверзна сцена покрај аут линијата.
Во центарот на вниманието се најде тренерот на „старата дама“, Лучијано Спалети, кој во моментите кога Луис Опенда се подготвуваше да влезе во игра му удри шлаканица на напаѓачот.
Причината за ваквата реакција била тоа што Опенда се смеел додека Спалети му давал инструкции за тоа како треба да се однесува и што да прави на теренот.