74
Младиот фудбалер кој игра на позицијата лево офанзивно крило, стави потпис на три и пол годишен договор со Шкупи.
Тој доаѓа од Кано спорт академија од Екваторска Гвинеја, а клубот од Чаир за овој трансфер плати 60.000 евра.
Трансферот е по сугестија на скаутот на Шкупи Булент Акин (поранешен играч на Галатасарај) кој ги следел натпреварите од Купот на Африканските Нации и го запишал името на Ндонг во својот тефтер.
Басилио Ндонг му се приклучи на тимот на Шкупи на подготовките во Анталија.
Фото: ФК Шкупи