556
Македонскиот вицепрвак
Шкендија ремизираше со хрватски Динамо Загреб во контролката која се одигра во
Анталија, која заврши без погодоци на обете страни.
Шкендија успеа да парира
на некој начин на фаворитот кој имаше се во своја полза, за што говори и статистиката
од мечот, а одличен на голот на првопласираната екипа во нашиот шампионат беше
Захов кој во голема мера ги сопре налетите на хрватскиот тим.
Деби за Шкендија имаше
Висар Муслиу кој токму денес беше претставен во јавноста во тетовските
црвено-црни, а репрезентативецот на Македонија играше во второто полувреме од
оваа средба.
Фото-вест: kfshkendija.com