Французинот со
одличните изданија на Камп Ноу го привлече вниманието на неколку клубови, а
сериозен интерес пројавија Пеп Гврдиола и Жозе Мурињо. Во неговиот договор
имаше откупна клаузула од 60 милиони евра, сума која двата гиганти од Манчестер
со леснотија можат да си ја дозволат.
Па Барселона
поучена од грешката со откупната клаузула на Нејмар, побрза да го обнови
договорот на дефанзивецот и да вметне нова повисока клаузула. Двете страни за
кратко време пронајдоа заединички јазик и денеска Самуел Умтити стави потпис на
договор со трајност до 2023 и откупна клаузула од 500 милиони евра.
Оваа сума е
поголема од откупните клаузула во договорите на двете големи засилувања, Осман
Дембеле и Филипе Кутињо (400 милиони евра). Само Лео Меси има поголема откупна
клаузула (700 милиони евра), а откупна клаузула од половина милјарда имаат уште двајца други играчи, Жерард Пике и Серхи Роберто.
„Денеска е
специјален ден, фактот дека Самуел Умтити го продолжи договорот е одлична вест
за сите навивачи на Барселона. Пристигна пред две години и сеге веќе е важен
дел од составот. Без него, тимот нема да биде ист. Новиот договор е со трајност
до 2023 и има откупна клаузула од 500 милиони евра. Мислам дека со ваква сума
никој нема да се осмели да дојде и да ни го украде” – порача претседателот Жозеп Мариа Бартомеу.
За новиот договор, самиот Умтити рече: „Среќен сум и горд што го обновив
договорот со Барселона. Малку сум нервозен бидејќи ми се оствари сонот. Уште од
првиот ден тука се чувствувам како дома и сега сакам да останам што е можно подолго.
Среќен сум во клубот и градот, ја имам поддршката од сите и затоа не сакам да
заминам. Ова е мојот дом”.