223
Последниот натпревар од
10. коло во Премиерлигата се одигра вечерва откако дуелот помеѓу Тотенхем и
Манчестер Сити мораше да биде преместен за во понеделник поради НФЛ мечот на
Вембли.
Теренот беше во
катастрофална состојба но почетокот на средбата најави возбудливи 90 минути. По
една грешка на Трипиер, Стерлинг го проигра Марез за 0-1 веќе во 6. минута.
Двата тима потоа
се растрчаа, беа креирани неколку добри шанси но мрежите мируваа.
Слично беше и во второто полувреме, стрелците немаа своја вечер па на крајот
погодокот на Алижирецот се покажа како победоносен.
Со овие три бода Манчестер Сити се врати на чело на табелата со 26 бода, исто
колку и Ливерпул но со подобра гол разлика.