Сите се фатија за глава на Емирати, како Обамејанг успеа да го промаши ова? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал и
Олимпијакос одиграа возбудлив меч на Емирати со драма до последниот свиреж. „Топчиите“ пред една недела славеа на гостувањето во Грција, па беа
големи фаворити за прогрес во осминафинале, но клубот од Пиреа приреди
изненадување и по продолженија триумфираше со 1-2 со гол во 119. минута.

Трагичар на мечот
е Пјер Емерик Обамејанг, кој во
113. минута атрактивно погоди со ножички за 1-1.

Во последните
секунди од мечот, кога практично се беше загубено и немаше ниту тронка надеж,
домаќините случајно добија гол шанса кога еден дефанзивец на Олимпијакос
неспретно реагираше. Обамејанг имаше зицер од пет метри но напаѓачот биеше само
крај голот и го остави навивачите, соиграчите и клупата во неверица, сите се фатија за глава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани