Сите се чудат како Барса не доби пенал: Ова е скандал… Ова е колосална грешка!

by bojan
2 минути читање

Поранешниот судија Итуралде Гонзалез не може да поверува како Барселона не доби пенал за комичниот инцидент кога голманот Мусо му додаде на дефанзивецот Пубиљ, кој наместо да продолжи да игра, ја фати топката со рака.

Атлетико Мадрид синоќа со 0-2 славеше на Камп Ноу против Барселона и направи значаен исчекор кон полуфинале во Лигата на шампиони.

Но натпреварот помина во сенка на неколку спорни судиски одлуки, црвениот картон пред крајот на првото полувреме, како и недосуден пенал за „каталонците“ во второто полувреме.

Поранешниот судија Итуралде Гонзалез ги анализираше овие контроверзни моменти и вели дека Барселона била оштетена за комичниот инцидент кога голманот Мусо му додаде на дефанзивецот Пубиљ, кој наместо да продолжи да игра, ја фати топката со рака.

„Ова е колосална грешка, чист пенал. И после некој ќе ги критикува шпанските судии… Ова е скандал!“ – вели Итуралде Гонзалез во анализата за АС и Кадена СЕР.

„Ова е една од најголемите грешки во последно време. Исто така, не ми јасно како ВАР не се вклучи“.

За црвениот картон на Кубарси, Итуралде Гонзалез пак смета дека одлуката била исправна.

„Од неговата позиција на теренот, Ковач сметаше дека е жолт картон, но ВАР со право интервенираше“.

„Кога си на терен и гледаш одзади, немаш целосна слика како ние од трибина или на ТВ, па затоа и првично покажа жолт картон“.

„Но ова е цврвен картон, има контакт помеѓу двајцата, беше спречена шанса за гол, па затоа и ВАР реагираше“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×