Атлетико Мадрид
со пораз од 4-0 се врати од гостувањето во Дортмунд кај Борусија во рамките на
третото коло од Лигата на шампионите, Диего Симеоне упати честитки до
Бундеслигашот за кого издвои само пофалби.
„Честитки до
нашите противници, за нивната издржливост, контра нпадите и способност да
извлечат нешто од нашите слабости, ние за момент го контролиравме мечот, но
потоа следеше гол за домаќините, второто полувреме го почнавме како подобра екипа,
но, веднаш потоа тие по втор пат погодија“ изјави Симеоне.
„Ние ја погодивме
пречката два пати, а потоа следеше и нивниот трет гол на мечот, кога сте во
една таква ситуација, тоа што и се случи на Борусија, можеше да ни се случи и
на нас, тоа и се случи“ додаде тој.
На Симеоне му се
допаднале перформансите кои на теренот ги прикажаа фудбалерите на
Бундеслигашот, за што и самиот потврди.
„Многу ми се
допаднаа нивните перформанси, беа практични, динамични и ја разбираат играта,
тие поседот на топката го користат за да ја пренестат топката на противничката
половина што е можно побрзо, а не да ја држат во свој посед без никаква корист
од тоа“ заклучи аргентинскиот стратег.
Во групата „А“,
лидер е Борусија Дортмунд со максимални 9 бода досега, следи Атлетико Мадрид со
6, односно Монако и Бриж со по еден освоен бод.