За време на Светското првенство во Русија, кога Аргентина доживеа тежок пораз од Хрватска, до медиумите пристигна аудио снимка од еден разговор на Диего Симеоне. Стратегот кажуваше дека преферира во својот тим да го види Кристијано Роналдо а на неговиот сонаордник Лео Меси, па предизвика бура.
Тој сега во разговор со Фокс Спортс појасни што мислел кога правел компарација помеѓу двајцата најдобри фудбалери на денешницата.
„Сметав дека во тим кој има помалку решенија, Роналдо подобро ќе се вклопи бидејќи тој ви нуди повеќе решенија“ – вели Диего Симеоне.
„За тим кој сака да игра фудбал, да напаѓа, јасно е дека Меси е далеку подобар“.
„Кристијано може да одлучи натпревар на поразличен начин, не му требаат десет напади. Влегува во шеснаесетникот, добива топка и дава гол. Против нас постигна два погодока со глава и бевме елиминирани“.
„Лео, во тим кој напаѓа секогаш игра продобро. Меси ве остава без здив, ве воодушевува, секогаш има решение, но за да го прави ова му е потребен тим каде може во целост да го покаже својот талент“.