28
Дербито во 18. коло во ПМФЛ му припадна на Силекс, клубот од Кратово со пресврт во второто полувреме ја совлада Струга со 2-3.
Струга врза два порази на почетокот од вториот дел од сезоната во ПМФЛ, па падна на третата позиција на табелата, и сега има седум бода помалку од лидерот Вардар.
Попладнево, Струга ја загуби пресметката против Силекс, и покрај тоа што во два наврати имаше предност.
Радески погоди во 22. минута за 1-0, а откако Алиќ изедначи на 1-1 на стартот од вториот дел, Компаоре ги врати домаќините во предност од 2-1 по еден час игра.
Сепак, Силекс преку Николовски стигна до 2-2, за Пиреш да реализира во 85. минута за 2-3 и комплетен пресврт.