Шпанците изненадени: Билети за утрешниот спектакл во Мадрид уште има!

by Стефан
1 минути читање

Мадридскиот весник „Марка“ денеска излезе со вест која предизвика големо изненадување во Шпанија, но и во Европа, билети за големото дерби помеѓу Реал Мадрид Манчестер сити уште има.

Станува збор за натпревар кој без дилеми е дерби на оваа фаза и во Шпанија се изненадени што билети и понатаму има во продажба.

Реал и Манчестер сити досега одиграа 15 меѓусебни натпревари и скорот е максимално изедначен, двата гиганти имаат по пет победи, а гол разликата е 26-25 во корист на „граѓаните“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×