Шкендија го продаде Вебстер во Романија, еве колку заработи за трансферот

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија остана без еден од своите најважни фудбалери, откако клубот официјално потврди дека Роналдо Вебстер ја продолжува кариерата во романска Романија.

Јамајканецот кариерата ќе ја продолжи во редовите на Универзитатеа Крајова, а трансферот е реализиран по договор меѓу двата клуба. Иако официјалните детали не се објавени, според информациите, тетовци од продажбата ќе инкасираат околу 400.000 евра.

Вебстер во Шкендија пристигна од Брегалница во летото 2024 година и за кратко време се наметна како стандарден првотимец. Тој беше еден од важните алки во генерацијата која ја врати шампионската титула во Тетово, а остави силен белег и на европската сцена.

Со него во составот, Шкендија испиша клупска историја обезбедувајќи место во лигашката фаза од Конференциската лига, а европската авантура продолжи и во нокаут рундата од натпреварувањето.

Заминувањето на Вебстер претставува значаен удар за тетовскиот тим, но во исто време и сериозна финансиска добивка за клубот, кој ќе има дополнителен простор за засилувања во пресрет на новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×