Серхио Рамос го врати Реал Мадрид на врвот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид го искористи киксот на Барселона и се врати на врвот во Примера откако го победи Бетис. Херој на кралскиот клуб и овој пат беше Серхио Рамос.

Резултатот беше отворен во 25. минута кога по еден голем кикс на Кејлор Навас, Бетис поведе со 1-0.

Во финишот од првиот дел Кристијано Роналдо со глава го изедначи резултатот на 1-1.

Во 78. минута Пичини заработи втор жолт картон и Бетис остана со фудбалери помалку до крајот на мечот, Реал Мадрид брзо го искористи тоа.

Три минути подоцна по еден корнер, Серхио Рамос постигна убав гол со глава за победа на Реал Мадрид од 2-1

Сега Реал Мадрид има два бода повеќе од Барселона и еден натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани