Сензација на Камп Ноу, Барселона во историски меч со трилер завршница го елиминира ПСЖ! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Историски натпревар на Камп Ноу, Барселона постигна три гола во самиот финиш од мечот за победа од 6-1 над ПСЖ и пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Натпреварот почна одлично за Барселона, уште во третата минута Суарез постигна гол, не ја затресе мрежата, но топката ја мина гол линијата и Каталонците поведоа со 1-0.

На пет минути пред крајот по една одлична пета на Иниеста, Курзава си постигна автогол за водство на Барселона од 2-0, предност каква што само можеа да посакаат домаќините.

По пет минути игра во вториот дел пенал за Барселона, Меси постигна гол од белата точка за водство од 3-0, потребен беше уште еден гол за израмнување на вкупниот резултат.

Но работите ги промени Кавани кој постигна гол за 3-1, во тие моменти мисијата на Барса изгледаше уште поневозможно, на каталонците им требаше победа од пет голови разлика.

Течеше 88. минута, ниту најголемите оптимисти не веруваа дека може да се случи чудо. Нејмар даде прекрасен гол од слободен удар за 4-1, но пласманот во четвртфиналето изгледаше далеку.

Во 91. минута пенал за Барса, Нејмар постигнува нов гол за 5-1, и зовре атмосферата на Камп Ноу. Домаќините имаа уште четири минути до крајот да постигнат уште еден гол.

И токму тоа се случи, во 95. минута Серхи Роберто постигна гол за победа на Барселона од 6-1 и пласман во четвртфиналето. Неверојатен натпревар на Камп Ноу и голема радост на шпанскиот гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани