Првата ѕвезда на
Ливерпул би можел да си замине од Енфилд за една или две сезони, тоа би можело
да се случи доколку Премиерлигашот не освојува титули, тврди селекторот на
Египет, Хавиер Агире.
Редсите имаа
голема прилика да го подигнат трофејот од Лигата на шампионите во ланската
сезона, но беа поразени од Реал Мадрид со 3-1 во големото финале, а Салах се
здоби со повреда на тој меч, иако Египјанецот во Ливерпул пристигна лани по
трансферот од Рома, Агире тврди дека Премиерлигашот мора да освојува титули за
Салах да остане.
„Салах би го
напуштил Ливерпул за една, или две сезони, а тоа би се случило само доколку тој
не освојува трофеи. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп многу добро го знае тоа,
а токму затоа тие работат напорно во обидите да освојуваат трофеи“ рече Агире.