Селекторот на
Белгија, Роберто Мартинез даде свое видување во однос на темата Еден Азар, тема
која е доста актуелна изминатиов период, особено по неговата изјава од Русија
каде проговори за неговата иднина, тој доби совети од својот селектор со кого
имаат одлична соработка.
„На фудбалерите
им се потребни нови предизвици, можеби ова е добар период за Челси и Азар да се
разделат. Би бил многу изненаден доколку Челси нема богати понуди за него во
моментов“ рече тој во изјавата за шпанското радио „Кадена Сер“.
„По шест
прекрасни години во Челси можеби е време за нова авантура“ беа зборовите на
Еден Азар од Русија за време на Светското првенство во фудбал каде Белгија
заврши на третото место, совладувајќи ја Англија во малото финале со 2-0.
Сепак, ѕвездата
на Челси додаде дека на клубот останува да ја даде финалната одлука,
истакнувајќи дека веќе сите знаат која е неговата дестинација од соништата, а
оваа изјава донесе голема веројатност дека тој конечно ќе се пресели во Реал
Мадрид.
Европскиот првак
ќе мора дебело да плати за неговите услуги, и тоа цели 225 милиони евра, онолку
колку што бара Челси за неговите услуги, а со свој став во однос на оваа тема
се јави и белгискиот селектор Роберто Мартинез.
Извесно е дека
Кралевите во Белгиецот гледаат идеално решение по заминувањето на Роналдо во
Јувентус ова лето, па евентуалниот ангажман на 27 годишниот Азар би било
логичен потег.
Реал Мадрид има
уште една желба од Челси, а тоа е Тибо Куртоа, сонародникот на Азар чиј договор
со Премиерлигашот истекува идното лето, па тој би можел на Сантијаго Бернабеу
да пристигне за само 35 милиони евра.