Се сеќавате ли на последниот дуел помеѓу Зидан и Буфон? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Последниот дуел
на теренот помеѓу Џанлуиџи Буфон и Зинедин Зидан беше на Светското Првенство
кое во 2006. година се одигра во Германија, на кое Италија ја освои титулата по
финалната пресметка против Франција.

Добрите познавачи
на фудбалот секако ќе се присетат на паненката, чудесната одбрана на Буфон и
реакцијата на Зидан кон финишот на мечот откако го удри Матераци и заработи
исклучување, момент што можеби и го реши победникот во мошне исцрпното финале.

Најпрво ќе
споменеме за паненката која во гол ја претвори Зидан од пенал, во овој случај Буфон беше
немоќен, беше тоа храбар потег на Французинот кој на крајот се исплатеше.

Но, ќе ја
издвоиме и чудесната интервенција на Буфон, откако Зидан имаше фантастична
можност во продолженијата со глава да ја затресе мрежата од голот на
противникот.


За негативниот детал од големото финале во Берлин нема
многу да говориме, но доколку извлечете заклучок, тоа значи дека Зидан нема
многу среќа во дуелите против Буфон, дали ќе има среќа вечерва, овој пат како
тренер на Реал Мадрид, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани