Се разбуди машинеријата на Ливерпул: Два гола во три минути на стартот против Атлетико! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Ливерпул тргна „бавно“ во Премиер лигата и досега победуваше само минимално, меѓутоа машинеријата на Арне Слот се разбуди веднаш на стартот на Лигата на шампионите. 

„Црвените“ на својот „Енфилд“ го дочекаа Атлетико Мадрид и му дадоа два гола по само шест минути игра. Ливерпул поведе со голот на Енди Робертсон кој немаше ниту намера да стрела. Мохамед Салах изведе слободен удар, а бекот сакаше да се тргне и топката го погоди, па го измами Облак за 1-0 во четвртата минута. 

Само две подоцна или практично во следниот напад Ливерпул ја удвои предноста. Салах беше истраен и се избори за топка меѓу тројца дефанзивци на шпанскиот тим пред да погоди за 2-0. 

Во новата сезона на Лигата на шампионите Ливерпул важи за еден од главните фаворити за трофејот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×