Се посрамоти за сите пари, од два метри го промаши празниот гол на Србија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Анџело Енрикез е играчот кој беше пикиран од Алекс Фергусон и донесен на Олд Трафорд во 2012, но никогаш не заигра во првиот тим на Манчестер јунајтед. Од 2014 до 2017 го носеше дресот на Динамо Загреб, а денеска се прослави со едно големо промашување.

На пријателскиот натпревар против Србија, Енрикез промаши празен гол од два метри од позиција од која беше потешко да не се погоди мрежата на противникот.

Сепак на крајот славеше Чиле со 1-0 со гол постигнат во самиот финиш на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани