Заврши осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, по што познати се сите осумте екипи кои ќе се борат за европската круна. Во конкуренција остануваат три шпански, две англиски и по еден претставник од Португалија, Германија и Франција, што најавува исклучително возбудлива завршница.
Најголемо внимание во четвртфиналето ќе привлече дербито меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, додека спектакл се очекува и во пресметката меѓу ПСЖ и Ливерпул. Ништо помалку возбудиво нема да биде и во шпанското дерби, а на хартија најлесна задача доби Арсенал.
Четвртфинални парови во ЛШ:
Реал Мадрид – Баерн Минхен
ПСЖ – Ливерпул
Арсенал – Спортинг
Барселона – Атлетико Мадрид
Првите натпревари од четвртфиналната фаза се закажани за 7 и 8 април, додека реваншите се на 14 и 15.