Полјакот беше еден од хероите на „Старата Дама“ на гостувањето кај Милан откако го одбрани пеналот на Гонзало Игуаин во финишот од првиот дел. Голманот имаше мала помош од Кристијано Роналдо, ЦР7 му даде совети на својот соиграч пред Аргентинецот да шутира.
Војчех Шчесни од кампот на репрезентацијата на Полска сега покажа дека покрај тоа што е добар голман, умее да погоди и од прекин. Тој мајсторски биеше под пречката од преку 20 метри.
Овој потег потоа го искористи за да се пошегува со Кристиајно Роналдо на социјалните мрежи.
„Ти благодарам Кристијано што ми помогна со пеналот против Милан. Со задоволство ќе ти ја вратам услугата и ќе ти дадам некој совет околу слободните удари“ – напиша голманот.
Португалецот е познат по својата уникатна техника и начинот на кој се подготвува да ги изведува слободните удари, но во последните неколку години е слаб реализатор кога се во прашање прекините.