Голманот на
Јувентус, Војчех Шчесни знаел точно каде ќе шутира Гонзало Игуаин во неговото
изведување на ударот од белата точка синоќа во дербито на колото од Серија А,
каде Јувентус славеше на гостувањето кај Милан со 0-2.
Полскиот чувар од
мрежата на голот на Старата Дама со врвот на прстите ја потфати топката,
доволно да и го смени правецот само до стативата, читајќи го својот поранешен
соиграч во неговиот обид.
„Добро го
познавам, тој беше еден од нашите изведувачи на пенали ланската година, тогаш,
како втор голман, јас секогаш тренирав пенали со него, секако, ги простудирав неговите обиди“ вели
Шчесни.
„Одлучив прв да
направам чекор, тој обично такви обиди има секогаш, јас се надевав дека тоа
нема да го промени, тоа и се случи, среќен сум поради тоа што го одбранив
пеналот“ заклучи голманот на Јувентус.
Higuain misses the penalty against his former club!!!#Juve #Juventus #ForzaJuve #MilanJuve #Milan #Higuain pic.twitter.com/efsX8CVy2v
— JuveGIFs (@JuveGIFs) November 11, 2018
Интересно е тоа што и Кристијано Роналдо се обиде да му помогне на Шчесни во својата одлука на која страна да се одбрани од обидот на Игуаин, инаку поранешен соиграч на Португалецот во Реал Мадрид.