Челси го понижи
Барнли совладувајќи го со високи и убедливи 0-4 на негов терен во редовното 10.
коло од англиската Премиерлига, иако без Еден Азар во составот, Сините од
Лондон во својата игра делуваа дури и подобро на теренот.
Шефот на
стручниот штаб на Челси, Маурицио Сари по мечот издвои дека е среќен поради тоа
што има многу квалитетни фудбалери во својот состав, тој додаде дека седум
погодоци на два натпревари без Азар е некаков знак, а изнесе и очекување за тоа
кога би можел Белгиецот да се врати.
„Посакувам да го
имам на секој натпревар, доколку тоа е можно, ние имаме многу добри фудбалери,
но Азар на теренот нуди нешто различно. Среќен сум поради фактот што тимот
постигна седум погодоци на два натпревари без Азар, тоа е некаков знак. Би
сакал да го имам Азар во составот што е можно побрзо, не сум сигурен за во
среда, но, се надевам дека тоа ќе се случи во недела“ рече Италијанецот.
Челси во среда на
домашен терен ќе ги одмери силите со Дерби Каунти на Френк Лампард во Лига
купот на Англија, а за веќе во недела, исто, на домашен терен во рамките на
Премиерлигата да се сретне со Кристал Палас.