Во 96. минута Челси преку Баркли го изедначи резултатот против Манчестер јунајтед и избегна пораз. Вториот асистент на Сари, Марко Јани голот го прослави пред Жозе Мурињо по што настана мешаница.
Зборувајќи на прес конференцијата по повод мечот со БАТЕ Борисов од Лига Европа, Сари одговараше и на прашања поврзани со инцидентот, рече дека нема да го казни Јани, ќе му даде втора шанса.
„Како прво, уште по мечот реков дека ние погрешивме. Бев таму кога Марко зборуваше со Мурињо. Тој веднаш му се извини. Навистина беше важно што тој веднаш сфати дека направи грешка“, вели Сари.
„Сакам да му дадам уште една шанса бидејќи го знам многу добро и знам дека навистина жали за тоа што се случи. Тој сфати дека погреши. Сите прават грешки, но треба да учите од нив. Мислам дека тој ќе го направи тоа“.
Јани ќе избегне казна од Челси и Сари, но може да добие од ФА која покрена постапка.
„За ФА не знам, немам искуство тука со тоа, но ние погрешивме, па треба да ги прифатиме консеквенците“.