Само тој го може ова, Менди го оперираше коленото па си тераше мајтап на Твитер (ФОТО)

by
1 минути читање

Бенџамин Менди беше едно од големите засилувања за Пеп Гвардиола минатата сезона, но стратегот во најголемиот дел од сезоната мораше да се снаоѓа при пополнување на позицијата лев бек.

Французинот уште во септември ги оштети вкрстените лигаменти на десното колено и паузираше седум месеци. Сега го чека нова долга пауза откако му беше извршена операција и на левото колено.

Се верува дека се работи за повреда на менискусот а не за лигаментите, па за очекување е тој да биде надвор од терените до крајот на годината, а не до крајот на сезоната.

И покрај тоа што ова му е нов пех по преселбата на Етихад и го чека нова долга пауза, Бенџамин Менди го задржа ведриот дух и си тераше мајтап на Твитер.

„Другото колено беше љубоморно но операцијата помина добро и сега се е во ред. Ќе се вратам наскоро момци, ќе треба само да најдете друг капитен во фашиот фантази тим во следниот период“.



Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани