875
Фудбалерите на Брајтон и Арсенал одиграа нерешени 1-1 (0-1) во натпреварот од 20. коло на Премиер лигата.
„Топчиите“ одиграа поквалитетно, меѓутоа не успеаја да го материјализираат тоа. Поведоа гостите во 16. минута преку младиот Итан Нванери кој по асистенција на Мерино реализира за 0-1. Долго време овој резултат стоеше на семафорот, а работите се сменија во вториот дел.
На голот му претходеше бизарен пенал кој го направи Вилиам Салиба. Францускиот стопер со глава удри противник, а судиите решија дека тоа е доволно за најстрога казна. Одговорноста ја презеде Жоао Педро и во 61. минута го матира Раја за израмнување (1-1). Имаше Арсенал завршен притисок, ама не успеа да дојде до победата.