Салах предизвика потрес на „Енфилд“: Не можам да верувам, како намерно да ме саботираат…

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Ливерпул во денешниот натпреваар ремизираше против Лидс 3-3, а по овој натпревар бура со својата изјава предизвика Мохамед Салах.

Арне Слот на последните натпревари го оставаше Салах на клупата за резерви, а Египќанецот одлучи искренно да зборува, велејќи дека чувствува како клубот намерно да го саботира.

„Не можам да поверувам, разочаран сум. Многу дадов за овој клуб, сите тоа го видовте во текот на годините. Да се биде на клупата, не знам зошто се случува тоа. Чувствувам како намерно да ме саботираат. Претходно кажав дека имаме добри односи со тренерот, но наеднаш ситуацијата се промени“, кажа Салах.

Во каква криза е Ливерпул најдобро говори податокот дека „црвените“ победија на само два од последните десет нтпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×