Разочарување за навивачите на Ливерпул беше последната изјава на Мохамед Салах.
Ѕвездата од Египет игра во животна форма одново и го води тимот, меѓутоа клубот уште не успева да пронајде заеднички јазик со него за продолжување на соработката.
Одредени англиски медиуми најавуваа дека недоразбирањата се надминати и двете страни се близу до договор. Сепак, своевиден демант стигна директно од Салах кој кажа:
„Дали ова ми е последна сезона во Ливерпул? Како што сега стојат работите – да. Влеговме во последните шест месеци, нема прогрес во преговорите. Далеку сме од постигнување договор за условите, мора да почекаме и да видиме што ќе се случи“.
Ова во Англија беше прифатено како директно откривање дека Салах нема да го продолжи договорот, барем ако клубот не попушти и му ги задоволи барањата.