Салах на удар на критики: Навивач му подаде дрес од Палестина за потпис – овој само го одмина (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Галатасарај приреди изненадување во Лигата на шампионите откако на свој терен го совлада Ливерпул со 1-0. Единствениот гол го постигна Виктор Осимен од пенал во 16 минута.

По мечот, Мохамед Салах ја пофали атмосферата во Истанбул, нагласувајќи дека никогаш не почувствувал толкава галама на стадион. Сепак, Египќанецот се најде под критики бидејќи одби да се потпише на дрес на Палестина што му го подаде навивач.

Дел од муслиманските фанови на социјалните мрежи го нападнаа за неговиот потег, но имаше и такви што го бранеа, потсетувајќи дека УЕФА строго забранува политички пораки на своите натпреварувања. Салах низ годините повеќепати донирал средства за Палестина и јавно повикувал на мир и солидарност, со што стекна репутација на играч кој не ги игнорира општествените и политичките проблеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×