Салах дојде како замена за Шаќири во Базел, сега Шаќири ќе му ја грее клупата на Салах во Ливерпул

by
2 минути читање

Вицешампионот на
Европа го искористи испаѓањето на Стоук во втора лига па го купи Џердан Шаќири,
и за 13 милиони фунти донесе солидно засилување со искуство во Премиерлигата.
Швајцарецот ќе му даде простор на Јирген Клоп за ротација во форот.

Интересно е тоа
што Џердан Шаќири во 2012 во Базел тренираше со Мохамед Салах, кој минатата
сезона беше главна ѕвезда на „Црвените“. Египјанецот пристигна токму како
замена за Швајцарецот, кој се пресели во Баерн Минхен.

По големата трагедија
на Порт Саид Стадионот која зеде 74 жртви а околу 180 лица беа тешко повредени,
Базел организираше пријателски натпревар против репрезентацијата на Египет до
23 години, а мечот се одигра на 16. март на Ранхоф Стадионот во Базел.

Мохамед Салах
блесна на овој меч со два гола за 45 минути па доби покана да остане во градот
и да тренира со клубот. Во април, Базел реши да го купи играчот за да го
надополни заминувањето на Џердан Шаќири, кој уште во февруари се имаше
договорено со „Баварците“.

Шест години
подоцна ситуацијата е променета, Салах е ѕвездата во Ливерпул а Шаќири ќе треба
да се докажува и на почетокот ќе ја грее клупата.

„Дојде на проба и
тренираше со нас кога бев во Базел. Тренираше два или три пати, и јас тренирав
со него“
– рече Шаќири во првото интервју како нов фудбалер на Ливерпул. „Потоа
јас се преселив во Баерн Минхен а тој остана во Базел. Среќен сум што ќе го
видам повторно. Имаше одлична сезона минатата година и се надевам дека ќе може
да ги повтори игрите и во новата сезона. Мило ми е што имаше прекрасна сезона
бидејќи се работи за навистина фино момче“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани