Шакири пред потпис со Ливерпул

by
1 минути читање

Според „Би-Би-Си“, Ливерпул е во пол позиција за потписот на Шакири, тие се веќе во преговори со него и се подготвени да ја платат откупната клаузула во неговиот договор со Стоук.

Шакири во август 2015 година од Интер премина во Стоук за рекорден трансфер на англискиот клуб од 12 милиони фунти. 

Откако Стоук испадна од Премиерлигата, тој најави заминување бидејќи сака да игра во најдобрата англиска лига.

Се верува дека откупната клаузула не е висока, но е повеќе од 13 милиони евра.

Шакири на Светското првенство во Русија беше во центарот на вниманието поради контроверзната прослава на дуелот со Србија со „летање орли“ која крена многу прав.

Ливерпул веќе го засили составот со Фабињо од Монако и Набу Кеита од Лајпциг кој беше договорен уште минатата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани