Шаќири нема да патува во Белград, Клоп објасни зошто го остава играчот во Ливерпул

by
2 минути читање

Препукувањата помеѓу Црвена звезда и Џердан Шаќири почнаа уште пред неколку месеци, Србите не
му ја забораваат провокацијата од мундијалот во Русија кога „леташе орли“ при
прославата на погодокот па му порачаа дека ќе добие жесток пречек во Белград.

За да нема
никакви драми, Јирген Клоп реши да не го повика репрезентативецот на Швајцарија
за утрешното гостување па играчот ќе остане во Ливерпул.

„Доаѓаме во
прекрасниот град Белград како фудбалски тим за да играме фудбал“
– вели Клоп.

„Слушнавме и
прочитавме различни шпекулации и стории за тоа каков пречек го чека Шаќири и
иако не знаеме што нависитна ќе се случи, сакаме да бидеме 100% фокусирани на
фудбалот и да не зборуваме за ништо друго“.

„Ние сме
Ливерпул, голем клуб, фудбалски тим и не сме заинтересирани за ништо друго освен за фудбал. Апсолутно не
сакаме да испратиме никаква политичка порака. Сакаме само да се фокусираме на
натпреварот кој треба да биде спектакл и ништо повеќе“.

„Сакаме да
избегнеме било какви одвраќања од фокусот, односно од 90+ минути натпревар кој
е важен само за фудбалот. Па затоа Шаќири нема да биде инволвиран, тој ја
прифати нашата одлука и ја разбира. Шаќири е наш фудбалер, го обожаваме и ќе
одигра многу натпревари за Ливерпул, но не и во вторник“.

„Имам слушнато
многу прекрасни работи за Белград и за Србија од пријатели и колеги кои имале
прилика да ги посетат овој град и оваа држава, па со нетрпение чекам да патувам
со Ливерпул таму за одличен меч од Лигата на шампионите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани