Шаќири: Добро е што не отидов во Белград

by
1 минути читање

Ливерпул одлучи да го остави Шаќири дома, да не го понесе во Белград на гостувањето кај Црвена звезда бидејќи ќе беше мета на српските навивачи.

За време на светското првенство во Русија, Шаќири како репрезентативец на Швајцарија и даде гол на Србија и го прослави со албанскиот симбол, двоглав орел, а тоа ги збесна српските навивачи.

Со цел да се избегнат било какви инциденти, англискиот клуб одлучи да не го носи Шаќири во Белград.

„Имаше многу жешка атмосфера таму и подобро е што останав дома и што се фокусираме само на фудбалот“, изјави Шаќири.

Ливерпул загуби со 2-0 на гостувањето од Црвена звезда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани