4,2K
Како суперѕвезда во МЛС, ДС Јунајтед на Вејн Руни му понудиле посебен третман, да патува со прва класа, да има своја приватна посебна соба во хотел. Но англискиот напаѓач сето тоа го одбил и сакал да биде третиран истото како и сите други во тимот.
„Ако сте член на тимот, тогаш сте дел од тимот и не треба да имате никакви привилегии и специјални третмани. Сакам да ме третираат исто како и сите соиграчи. Јас сум дел од тимот“, изјавил Руни.
За разлика од Руни, Ето си бараше привилегии и кога не му нудеа. Па за време на патувањата со камерунската репрезентација тој спиеше во најскапи хотели за разлика од останатите соиграчи, а тоа правеше раздор во селекцијата и логично ја немаше потребната хемија на еден тим.