Она што утрово го
најавија медиумите, попладнево на прес конфереција го потврди првиот човек на
Фудбалската федерација на Шпанија. Луис Енрике е нов предводник на „Црвената
фурија“.
Бордот на директори
на ФФШ денеска имаше средба и едногласно го потврди поранешниот тренер на
Барселона, Селта и Рома за нов селектор.
Ваквата вест на
прес конференција ја соопшти претседателот Луис Рубиалес, кој поучен од она што
се случи со Хулен Лопетеги реши да не се вметне откупна клаузула во договорот
на Луис Енрике.
„Договорот на
Луис Енрике е на две години, беше одобрен едногласно, имаме целосна согласност
со него и следната недела ќе биде промовиран“ – рече Рубиалес.
„Не сме
разговарале со никој друг, Луис Енрике беше нашата прва опција“.
„Тој имаше далеку
побогати понуди од нашата, но направи компромис бидејќи сакаше да биде селектор.
Нема да има откупна клаузула во неговиот договор, доколку некој го сака, ќе
треба да разговара со нас“.