Роналдо се огласи по семејната драма (ФОТО)

by
1 минути читање

Португалецот
попладнево побара дозвола од Јувентус да замине од Торино, и со приватен авион
се врати во родната Мадеира. Кристијано Роналдо утрово имал семејна драма,
неговата мајка била хоспитализирана и итно оперирана. Таа е на интезивна нега
во стабилна и свесна состојба, но под будно око на лекарите.

Вечерва ЦР7 се огласи
на социјалните мрежи за да се заблагодари за пораките со поддршка и да побара
приватност во овие тешки моменти.

„Ви благодарам за
сите пораки со поддршка за мојата мајка. Во моментов таа е стабилна и се
опоравува во болница. Јас и моето семејство сакаме да му за заблагодариме на медицинскиот
тим за грижата
.
Љубезно ве
замолувам за приватност во овие моменти“
– гласеше пораката на фудбалерот на
Јувентус.

Медиумите пишуваат
дека напаѓачот вечерва ќе остане крај својата мајка, и утре наутро ќе одлучи
дали ќе се врати во Торино за реваншот со Милан во Купот на Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×