Кристијано Роналдо
одговори на коментарите на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Иско,кој
истакна дека Кралевите не треба да плачат поради тоа што тој си замина.
Португалската
ѕвезда одби да ја коментира очајната форма на Реал Мадрид, а тој во Лигата на
шампионите ќе има нова можност да му се спротистави на Манчестер јунајтед, клуб
од каде премина во редовите на Реал Мадрид, а подоцна и Јувентус, каде игра во
моментов.
„Коментарите на
Иско? Немам никаков проблем со истите, сепак, тоа е точно, не можете да плачете“
одговори Роналдо.
„Јас ја завршив
мојата авантура во Реал Мадрид, сега времето му го посветувам на Јувентус, тоа
е клуб, кој исто така е еден од најдобрите на светот“ посочи Роналдо истакна дека не е негова работа да ја коментира очајната форма на Реал Мадрид во
моментов.