Роналдо можел да заработува двојно повеќе од Меси, ЦР7 одбил неверојатна понуда?!

by
1 минути читање

ЦР7 е на чекор до Јувентус, двете страни си имаат подадено рака за четиригодишен договор и плата од 30 милиони евра, и останува само „Старата Дама“ да испрати понуда до Реал Мадрид. 

Се говори дека Жорш Мендеш во вторник на Флорентино Перез ќе го презентира предлогот на шампионот на Италија, а првиот човек на Реал на бордот на директори ќе им пренесе дека Кристијано Роналдо побарал да биде продаден и дека тие ќе го испочитуваат џентлменскиот договор постигнат во јануари според кој Португалецот може да замине доколку пристигне понуда од 100 милиони евра од клуб кој не им е ривал.

И додека се чека „бел чад“, Марка пренесува дека ѕвездата на Реал Мадрид можела да заработува двојно повеќе од Лео Меси. Неименуван клуб од Кина му понудил на Кристијано Роналдо неверојатни 200 милиони евра за две години на Далечниот Исток, односно 100 милиони евра по сезона (Лео Меси во моментов е најплатен фудбалер со примања од 50 милиони евра).

Предлогот пристигнал пред трансферот во Јувентус да стане опција, односно во декември 2017, но ЦР7 сметал дека има уште многу да понуди на највиско ниво, па без многу размислување го одбил богатството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани