Роналдо го впери прстот кон Перез: Повеќе не гледаше на мене со исти очи, за него бев само бизнис!

by
3 минути читање

Изминатово лето
најголем трансфер беше оној на Кристијано Роналдо, кој за 100 милиони евра се
пресели од Реал Мадрид во Јувентус. Зделката изненади многумина и кружеа
најразлични шпекулации, од тоа дека ЦР7 бега од Шпанија поради обвинувањата
дека затаил данок, па се до одбивањето на „Кралевите“ да му ја зголемат
платата.

Во разговор со
„Франс Фудбал“, фудбалерот сега си ја отвори душата и прстот го впери во
лидерите на Реал Мадрид, поточно претседателот Флорентино Перез.

„Почувствував
дека внатре во клубот, особено претседателот, повеќе не ме гледаа со исти очи
како на почетокот. Во првите четири или пет години, имав чувство дека сум
„Кристијано Роналдо“. Потоа се помалку. Во последно време, Перез се повеќе ме
гледаше низ очите на бизнисот. Она што ми го кажуваше, не доаѓаше од неговото
срце. Исто така сметаше дека повеќе не сум незаменлив“
– вели Кристијано
Роналдо.

„Па затоа почнав да рамислувам за заминување. На вести гледам како велат дека
сум побарал да заминам. Веројатно има вистина во ова, но секогаш имав импресија
дека претседателот нема да ми застане на патот и да побара да останам“.

Кристијано
Роналдо во Јувентус доби плата од над 30 милиони евра по сезона, но тој вели
дека ги избрал „Бјанконерите“ бидејќи тие му демонстрирале дека навистина го посакуваат.

„Доколку ме интересираа парите ќе завршев во Кина каде можев да
заработувам пет пати повеќе. Не дојдов во Јуве поради парите, во Мадрид
заработував исто, ако не и повеќе. Дојдов бидејќи Јувентус ми покажа дека
навистина ме сака. Јасно ми ставија до знаење и ми покажаа дека ме сакаат“.

ЦР7 се осврна и
на обвинувањата за силување поарди кој изминативе месеци беше во центарот на
вниманието.

„Секако дека целата приказна ми прачи во секојдневниот живот. Имам девојка,
четири деца, постара мајка, сестра, брат и семјство со кое сум многу близок. Да
не ја споменувам и репутацијаа, која е за пример… Замислите што значи кога
некој ќе ве обвини за силување, без разлика дали го имате сето ова што ви го
набројав или го немате. Знам кој сум и што направив. Еден ден вистината ќе
излезе на виделина. И луѓето кои ме критикуваат, кои прават циркус денеска, тие
луѓе убаво ќе видат“.

„И објаснив се на
мојата девојка. Мојот син, Кристијано јуниор, е премлад за да разбере. Најлошо
им е на мојата мајка и сестра. Тие се стаписани, и во исто време многу бесни.
Прв пат ги гледам во ваква состојба“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани