Ромањоли се извини за автоголот и порача: Премногу бевме критикувани

by
1 минути читање

Од трагичар за
момент, на крајот до херој, така може да се оцени настапот на Ромањоли во
синоќешната тешко извојувана победа на Милан пред своја публика над Џенова на
нашиот Горан Пандев кој одигра нешто повеќе од пет минути во Милано.

Иако Сусо уште во
4. минута ги доведе Росонерите во водство, Алесио Ромањоли во второто полувреме, во
56. минута си постигна автогол, а истиот фудбалер во самата завршница од
пресметката со својот гол донесе победа за Милан кој сега со 18 бодови е на
делба на четвртото место на табелата од Серија А заедно со Лацио по 10 одиграни
кола.

Ја заслуживме
победата, пруживме добра партија на теренот
“ изјави Ромањоли за Скај Спорт
Италија по мечот во Милано, а потоа додаде дека неговиот тим претрпел многу
критики изминатиот период, истите, според него биле „преголеми“.

Би сакал да се
извинам за автоголот, тоа беше несреќен момент, но, се надминав потоа, според
мене, ние бевме премногу критикувани во изминатиов период, резултатите се тие,
мораме да се подобриме и да останеме близу врвот
“ заклучи Ромањоли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани