Рома не покажа класа со Де Роси, легендата на „Волчицата“ разочаран им порача на лидерите: Не сум глупав!

by
3 минути читање

Италијанецот, кој
целата своја кариера ја помина на Олимпико, ги одработува последните денови
како фудбалер на Рома. Утрово беше соопштено дека тој заминува по 18 години.

Даниеле Де Роси
попладнево се појави на прес конференција и откри дека за одлуката бил известен
вчера. Капитенот исто така призна дека е малку разочаран од начинот на кој била
менаџирана неговата иднина и го одби предлогот да остане во клубот бидејќи
сака уште да продолжи да игра фудбал.

„Вчера бев
известен дека нема да ми биде продолжен договорот. Но имам 36 години и не сум
глупав. Кога никој нема да ви се јави 10 месеци за да преговарате за нов
договор, јасно ви е што ќе се случи“
– вели Де Роси.

„Ја почитувам и
ја прифаќам одлуката на клубот но се уште се гледам како фудбалер. Можевме да
седнеме и да разговараме, да им објаснам како можам да бидам важен за тимот
дури и да одиграм 5, 10 или 20 натпревари или како можем да бидам од
корист во соблекувалната. Јасно ми е дека некој мора да пресече, но жалам
поради тоа што малку дискутиравме на оваа тема оваа година. Разочаран сум што лидерите не
најдоа време да седнат со мене и да разговараат“.

„Се замислував
како клубот ќе побара да продолжам, но очигледно не се случи тоа. Да бев
директор, ќе му го продолжев договорот на играч како мене. Кога добивав шанса
за настап играв добро, а решив и неколку проблеми во соблекувалната. Доколку
бев добар директор, ќе си го продолжев договорот, но сега не можам да сторам
ништо“.

„Се уште сум
заљубен во овој клуб, и ќе продолжам да го сакам. Не ја отфрлам можноста за
некоја година да ме видите на трибина со сендвич и пиво како ги бодрам
пријателите“.

За понудата на
Рома да остане дел од клубот во улога на директор, Де Роси додава: „Не ме
привлекува оваа идеа, но има логика во ова. Би можел еден ден да му се
придружам на Тоти. Но преферирам да работам нешто што го сакам“.

„На 27. мај имам
лет во два попладне. Ќе поминам некое време без да мислам на фудбалот и покрај
тоа што ќе треба да си најдам нов клуб. Не знам дали ќе останам во Италија или
ќе одам во странство. Ќе треба да разговарам со самиот себе, со моите дома, со
агентот. Треба да се консултирам со многу луѓе, па ќе видиме што ќе се случи“.

„Добив 500
пораки, не успеав да ги проверам сите можеби има некоја понуда! Се уште се
чувствувам како фудбалер, сакам да продолжам и мислам дека ќе погрешам доколку
сега решам да одам во пензија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани